Алкараз изгуби сет, па издоминира за победа во второто коло на Индијан Велс

Фото: EPA-EFE/LUCIANO GONZALEZ

Шпанецот Карлос Алкараз потешко од очекувањето дојде до победа и во својот прв меч на Индијан Велс мораше да одигра три сета.

Противник на Алкараз беше Матео Арналди од Италија. Алкараз до победата дојде со 2:1 во сетови (6:7, 6:0, 6:1). Мечосе играше два часа и 15 минути, а половина од тоа време помина во првиот сет кој се решаваше во тај-брејк. Двајцата тенисер во овој сет направија по еден брејк, а во тај-брејкот изненадувачки подобро се снајде Арналди.

Сепак, во следните два сета Алкараз издоминира и му дозволи на противникот само еден сет. Алкараз на Индијан Велс ја брани титулата освоена минатата година.

Противник на шпанскиот ас во третото коло ќе му биде Оже-Алијасим од Канада кој во второто коло го совлада Лестиен од Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот