Алкални намирници за здраво тело

Profimedia
Фото Профимедиа

Многу болести потекнуваат од киселата средина во телото. На пример хеликобактер пилори опстанува во кисела средина, како и голем дел канцерогени клетки.

Доброто во борбата против болести е што самите можеме да си помогнеме хранејќи се одреден период со алкални намирници. Тие ја неутрализираат киселата средина во телото и му помагаат да се бори против вируси и бактерии.

Здравите личности треба да јадат балансирано, 50% кисела и 50% алкална храна, додека кај оние кои страдаат од хронични болести најдобро е 80% од исхраната да биде алкална.

Поради тоа, зачувајте го следниов список на алкални намирници, за секогаш да знаете како да ја комбинирате исхраната:

Свежи и сушени кајсии, свежи јаболки, зрели банани, грозје и сок од грозје, суви и свежи сливи, цреши, сок од лимон и портокал, праски, лубеница, диња, свежи и суви смокви, рибизла, брусница, јагода и шумски овошја, зелка, карфиол, целер, свежи краставици, свежо цвекло, морков, јачмен, овес и магдонос.

Неутрални намирници се авокадото, тиквата, бадемите, обичниот и слаткиот компир, киноа и амарант, маслиново и кокосово масло и кокосово млеко. Тука спаѓаат и мешунките и индиските ореви, кикирики и ф’стаци.

Изразено кисели се црвените меса, старите сирења, процесираната храна, сувомеснати производи, рафиниран шеќер, газирани сокови и бел леб, како и кафе и алкохол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот