Алесандра Амбросио повторно доби восочна фигура во музејот на Мадам Тисо! (ФОТО)

Facebook

Познатата манекенка Алесандра Амбросио (38) доби нова восочна фигура во музејот Мадам Тисо.

Поранешниот ангел на Викторија Скрет беше присутен на отварањето на изложбата Fashion Experience, каде ѝ беше претставен новиот примерок.

„Ова е неверојатна чест. Возбудена сум што на гостите ќе им ги споделам моите совети за одење по писта. Мислам дека ќе им се допадне овој предизвик“, рекла на отварањето.

Посетителите на музејот во Њујорк, во склоп на изложбата ќе може да прошетаат по модната писта и за својата изведба ќе добијат насоки од „восочниот супермодел“.

Амбросио е позната по учеството на ревиите и кампањите за големи етикети и дизајнери. Таа во 2012 година беше на шесто место на листата на Форбс за најплатени модели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот