Алек Болдвин ќе биде обвинет за убиство од небрежност

Алек Болдвин и Халина Хачинс/ Фото: Profimedia

Познатиот актер Алек Болдвин ќе биде обвинет за убиство од небрежност откако со истрел од филмски пиштол ја застрела Халина Хачинс, директорката на фотографијата на неговиот филм „Rust“.

Несреќата се случи на проба за време на снимањето на вестернот „Rust“ на ранч во близина на Санта Фе во октомври 2021 година.

Хана Гутиерез Рид, која била задолжената за оружјето за филмот, исто така, ќе биде обвинета за убиство од небрежност.

Денеска, на 19 јануари, окружната обвинителка во Санта Фе, Мери Кармак-Алтвис, објави во соопштение дека против нив ќе бидат покренати обвиненија до крајот на месецот, пренесува „Би-би-си“.

„Актерот и продуцент Алек Болдвин и Хана Гутиерез Рид ќе бидат обвинети за две точки од обвинението за убиство од небрежност“, се наведува во соопштението.

„По темелно разгледување на доказите, утврдив дека има доволно докази за обвинение“, рекла Кармак-Алтвис.

„Додека сум на оваа позиција, никој не е над законот и сите заслужуваат правда“, додала таа.

На Болдвин и Гутиерез Рид им се заканува казна од 18 месеци затвор и парична казна од 5.000 долари доколку бидат прогласени за виновни. Ним ќе им суди порота, соопштија обвинителите.

Во пукањето беше ранет и филмскиот режисер Џоел Соуза, но обвинителите соопштија дека нема да бидат покренати обвиненија во врска со тоа.

По пукањето, Болдвин рече дека пиштолот пукнал сам од себе. Тој додаде дека не го повлекол чкрапалото на пиштолот и дека не бил свесен дека е наполнет.

„Не знам што се случи на тој сет. Не знам како тој куршум стаса во тој пиштол. Не знам“, рече тој во декември 2021 година.

ФОТО | Човекот кој на Болдвин му го даде пиштолот и порано имал слични инциденти – пиштолот „случајно“ пукал

Алек Болдвин ослободен од вина за смртта на Хачинс: Продукцијата на „Rust“ казнета со над 137.000 долари

Нови детали, помошникот режисер призна во полиција: Не проверив дали во пиштолот на Болдвин има лажни куршуми

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот