Алегри: Не можам да размислувам повеќе на Роналдо

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри/фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Заминувањето на најголемата досегашна ѕвезда во клубот, Кристијано Роналдо, дефинивно се чувствува таа празнина во Торино.

Во првиот меч во ерата без Португалецот, Јувентус ги шокираше непријатно своите навивачи со поразот од Емполи“ во италијанската Серија А.

И тренерот на „Старата дама“, Масимилијано Алегри е свесен дека Роналдо во минатото имаше значаен придонес во резултатите:

– Кристијано помина три години тука, постигнувајќи многу голови, во кои е навистина добар. Тој е исклучителен фудбалер, но не можеме повеќе да размислуваме за него. Имаме добар тим, но не можеме да мислиме дека ќе доминираме на секој натпревар. Треба заедно да го надминеме овој момент за да станеме посилни – рече Алегри.

Добрата вест за тимот на Масимилијано Алегри е брзата реакција на клубот по разделбата со Роналдо. Во клубот се враќа напаѓачот Моизe Кeн, кој во наредните две сезони ќе игра на позајмица од Евертон. Клаузулата за откуп ќе се активира автоматски кога ќе се играат одреден број натпревари.

Италијанскиот репрезентативец изненадувачки замина од Торино во 2019 година кон Англија. За „карамелите“ одигра 33 натпревари, а во текот на последната сезона беше испратен на позајмица во ПСЖ. Кин има 16 натпревари и седум гола за Јувентус за време на неговиот прв престој.

Познато зошто му пропадна трансферот во Сити: Пеп не му гарантирал ништо на Роналдо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот