Познато зошто му пропадна трансферот во Сити: Пеп не му гарантирал ништо на Роналдо

Роналдо се враќа на „Олд трафорд“ по пауза од 12 години/ фото: EPA/FRANCK ROBICHON

Една од трансфер сагите во летниот преоден рок заврши вчера, Кристијано Роналдо по 12 години се врати во Манчестер јунајтед.

Португалецот вчера наутро си замина до Јувентус, ја испразни соблекувалната, го посети тренинг кампот за да се поздрави со довчерашните соиграчи и со приватен авион се упати кон Англија.

Речиси сите медиуми сметаа дека негов нов клуб ќе биде Манчестер сити, но неколку часови подоцна се случи фудбалски земјотрес, Кристијано Роналдо стана нов играч на Манчестер јунајтед.

Англиските медиуми тврдат дека клучната улога во одлуката на Роналдо да се врати на „Олд трафорд“ ја одиграл легендарниот менаџер на екипата, сер Алекс Фергусон кој имал телефонски разговор со Португалецот по кој паднала кој ќе биде неговиот иден клуб.

Но, италијанскиот весник „Ла Република“ објави дека од претходно било познато дека Роналдо нема да потпише за Манчестер сити.  Весникот објави транскрипт од разговорот на Роналдо со менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола поради кој Португалецот не потпиша за „граѓаните“.

– Доколку пристигнеш кај нас, ќе се обидеме да соработуваме, но ништо не можам да ти гарантирам – му рекол Гвардиола на Роналдо што го натерало Португалецот да ја прифати понудата на Манчестер јунајтед да се врати на „Олд трафорд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот