Албанската полиција спречи шверц на 55 килограми марихуана во Македонија

Фото: Илустрација

Албанската полиција, спречи шверц на 55 килограми марихуана, која требало да биде прошверцувана на македонска територија.

Дрогата била траспортирана со добиток преку зелениот граничен појас кај селото Рајце на албанско-македонската граница кај Струга.

„Лицата А.Б.(47) и И.Б.(22), двајцата жители на селото Сутај, општина Прењас, беа уапсени синоќа во 21:30 часот при обид на шверц на 55 килограми мархуана. Дрогата требало да ја прошверцуваат во  Република Македонија“, стои во соопштението на Полицискиот комесаријат од Елбасан.

Се додава дека во соработка со македонските колеги се работи на идетификација и на други лица вмешани во шверцот.

Случајот е под надлежност на Обвинителството и Судот во Елбасан, а уапсените ќе одговараат за „недозволена трговија со наркотични средства“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот