Албанската опозиција предупреди дека доколку има избори на 30 јуни, ќе има граѓанска војна

EPA-EFE/Malton Dibra

Обединетата опозиција во Албанија бара заминување на премиерот Еди Рама и формирање на преодна влада, тоа се два услови за кои нема преговори. Избори на 30 јуни нема да има, порача лидерот на Демократската партија на Албанија, Љуљзим Баша на вечерашниот голем протест на обединетата опозиција пред Владата во Тирана.

Баша го обвини премиерот Рама дека намерата да оди на избори без опозиција ќе ја внесе земјата во цивилен конфликт.

– Рама жртвува се за една единствена цел, неговата власт. Поради оваа причина сака да ја однесе земјата кон неизбежен граѓански конфликт. Но нека знае дека никогаш нема да ги скара ниту опозицијата а ниту Албанците – му порача опозиционерот Баша на премиерот Рама.

Тој го развеа германското знаме, што аналитичарите го толкуваат како верување на Баша дека само Германија, може да ја реши политичката криза во Албанија.

За разлика од минатите протести на опозицијата, овој шестиот кој го нарекуваат „национален протест“, помина мирно.

Протестантите пуштија околу 500 балони на кои беше напишано „Рама оди си“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот