Албанска нарко банда продава кокаин низ Лондон а полицијата испраќа СМС пораки до купувачите на дрогата

Лондонската полиција испратила над 2000 СМС пораки до лицата кои албанската нарко банда  ги снабдувала со кокаин. Во СМС пораката, полицијата им нуди на ,,купувачите“ помош во решавањето на  нивниот  проблем со зависноста од наркотици.

Се работи за клиенти кои повеќето се вработени во лондонскиот финансиски центар, а нивните телефонски броеви , полицијата ги открила запленувајки два мобилни телефони од албанската мрежа на организираниот криминал.

Лондонските медиуми наведуваат дека полицијата веќе подолго време контактира и им нуди помош на зависниците и редовните купувачи на албанската криминална нарко  банда.

Во СМС пораките полицијата им укажува на купувачите на кокаинот дека  нивните ,,дилери“ се уапсени, и дека им нуди помош на зависниците да се одвикнат од наркотиците.

Лондонската полиција  досега уапси 12 Албанци со лажни документи кај кои е пронајдено 1,2 килограми кокаин во вредност од 144 илјади фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот