АЛБАНКА ОД МАКЕДОНИЈА доби важна позиција во Министерство во Белгија (ФОТО)

Фејсбук

Луиза Дураки од скопско Арачиново беше кандидатка на Социјалистичка партија на Белгија на последните избори. Но, и покрај тоа што не успеа да биде избрана за советничка, благодарение на гласовите што ги освои, таа успеа да заземе важна функција во Министерството за образование на Валонија-Брисел, пренесува весникот Лајм.

– Чест и задоволство ми е да ве информирам дека благодарение на 4865 гласови што ми ги дадовте на федералните избори, мојата партија ми ја довери позицијата правник во канцеларијата на Министерството за образование на Федерацијата Валонија-Брисел! – информираше Луиза Дураки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот