Албанија: Тестирање за ковид-19 во приватни установи, но само во вонредни ситуации

Тирана, инфективна клиника/Фото: МИА

Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата, дозволи вршење на молекуларни тестови РТ-ПЦР за САРС-КОВ-2 во приватни лаборатории од, како што се наведува, административни причини.

Но,според одлуката, дозволено е тестирање само за оние лица кои имаат барање за документ, со кој се потврдува дека не се заразени со опасниот вирус, за да може да патуваат во странство на одмор или кога тоа го бара друга земја.

Во кои приватни лаборатории ќе може да се прават тестови треба да одлучи Министертвото за здравство и социјална заштита, согласно одобрена постапка, услови и стандарди кои гарантираат безбедност и квалитет на лабораторијата, на тестовите и методите кои се применуваат.

При спроведување молекуларни анализи, само од административни причини, приватните лаборатории должни се да објавуваат резултати за извршените тестови на 24-часовна основа. Имаат обврска веднаш до го информираат Институтот за јавно здравје за позитивните случаи.

Од почетокот на пандемијата,в о почетокот на март, во Албанија, во чии државни институции капацитетот е 500 тестови дневно, направени се 37.875 тестови, позитивен резултат е добиен кај 4.570, оздравени се 2.608, починале 128, додека активни на болеста се 1.834 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот