Албанија: Комитетот на експерти објави дека заразените и лицата со симптоми нема да гласаат

epa07684162 An elderly Albanian woman casts her vote at a polling station in Tirana, Albania, 30 June 2019. Albanians headed to the polls for local elections. EPA-EFE/MALTON DIBRA

На неколку дена до парламентарните избори, албанскиот комитет на експерти за справување со пандемијата доцна попладнево ги објави протоколите за денот на изборите, 25 април.

Она што посебно се нагласува е дека нема да гласаат сите заразени лица со ковид-19, кои се во домашна изолација или се лекуваат во болница. Се препорачува  оние кои имаат симптоми на вирусот да останат дома.

-Поконкретно заразените лица со опасниот вирус треба да останат дома но и оние кои имаат симптоми, како треска, отежнато дишење или висока температура. Нема да гласаат ниту лицата кои се хоспитализирани, стои во соопштението на комитетот.

Моментно според официјалната статистика активни на болеста се 24.888 од нив дури 18.195 во Тирана.

-На секој влез на гласачките места треба да има средства за дезинфекција на рацете. Задолжително е носење заштитна маска. Гласачките кутии и параваните за гласање ќе бидат поставени на два метра оддалеченост од избирачкиот одбор. Што се однесува на просторијата за гласање таа треба да биде со поголема површина, да има посебен влез и излез со цел да се обезбеди физичко растојание, а во просторијата може да влезат само двајца гласачи, се дел од протоколите.

Исто така, секој член на избирачкиот одбор и набљудувачите на процесот, на денот на изборите мора да достави образец со потпишана изјава дека нема знаци поврзани со ковид-19, да носат заштитна маска и да се на растојание не помало од 1,5 метар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот