Актерот Атанас искрен: После карантинот ќе се разведам! (ФОТО)

Фејсбук

Актерот Атанас Атанасовски во свој стил за „Еден на Еден“ открива која е првата работа што ќе ја направи кога ќе заврши кризата со коронавирусот.

Прво нешто што ќе направам кога ќе заврши карантинот, ќе се разведам (се смее) -изјави Атанас за „Еден на Еден“.

Актерот, кој е вработен во театарот „Комедија“, во моментов паузира од сите активности, и е посветен на синот Павле кој има неполни три месеци и на сопругата Александра.

Инаку актерот кој е вработен во театарот „Комедија“ во моментов паузира од сите активности, и е посветен на синот Павле кој има неполни три месеци и на сопругата Александра. Атанас ни раскажа и за другите креативни занимации што ги има по дома.

– Почнав да изработувам макети од кибритчиња. Најчесто правам висечки мостови. Најинтересни ми се мостовите заради нивниот проблем со носивоста. Но имам и други градби. Досега ги имам направено Танкервилскиот мост, Голден гејт, Риалто, Акаши-Каијкио или попознат како Прл“, вели актерот кој заедно со неговиот колега Тино Костадиновски игра во нивниот авторски проект, претставата „Чао пријатно“. Атанас е актуелен и со претставите „Вардарски пастуви“, „Стјуардеси“, „Не сега драга“…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот