„Ако затворите на Задушница, тешко вас!“

Бутел веќе неколку денови е меѓу првите пет општини по број на новозаболени и во моментов има 37 активни заразени со Ковид-19.

Градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски изјави дека добива закани „да не ја затвора општината“ за претстојниот верски празник Задушница, по најавите дека до крајот на неделава е можно да бидат прогласени локални карантини во деловите од земјата каде што има зголемен број новозаболени.

Бутел веќе неколку денови е меѓу првите пет општини по број на новозаболени и во моментов има 37 активни заразени со Ковид-19.

Тој вели дека знае од каде доаѓаат заканите, но не пријавил во полиција за да не ѝ одзема време. „Ако затворите за празникот, тешко вас“, му пишувале во пораки на Смилевски, проследени со пцости и навреди.

– Не ме загрижуваат заканите за мојата безбедност, но секако не сме рамнодушни во однос на носењето на одлуките. Сакаме да ги земеме предвид забелешките од сите. Од друга страна, на
сите ни е јасно дека за Задушница ризикот за ширење на заразата е голем, се носи храна, се прави групирање. Сметам дека треба да почекаме до четврток за одлука – вели градоначалникот Смилевски, кој е во самоизолација поради контакт со директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, која е позитивна на коронавирус.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот