Ако сакате да вработите келнер во Германија, треба да искеширате минимум 3.000 евра месечно

Угостителската криза во Германија ги истакнува долгогодишните слабости во индустријата. Веќе во 2012 година, само околу 13 отсто од компаниите обучуваа млади луѓе, а за време на пандемијата оваа бројка падна на 8,5 отсто во 2021 година. Претставниците на стопанските комори, исто така, пријавија стапка на осипување од 50 проценти дури и пред коронавирусот.

Со други зборови, половина од учесниците не ја завршиле обуката, а најчести причини се наведуваат платата и работното време. Сепак, рестораните навреме го препознаа овој проблем. Во минатогодишното истражување на Здружението на ресторани и хотелиери – Дехоге, 44 отсто од компаниите изјавиле дека повторно обучуваат повеќе млади работници, а бројот на специјализанти е зголемен за околу 11 отсто, пренесува магазинот Феникс.

Пофлексибилните модели на работно време и подобрата организација се наведени како обврски во 38 и 34 проценти од компаниите, соодветно. Во угостителството, заработката е сè уште мала. Бруто годишната плата во угостителството во 2021 година во просек изнесуваше нешто помалку од 27.000 евра. 3.000 евра месечно мора да бидат минимум за квалификувани работници во иднина“, велат од Синдикатот на угостителски работници, обајви Н1 Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот