Ајкула нападнала 8-годишно момче на брегот на Северна Каролина

Ајкула / Фото Архива на СП

Ајкула каснала 8-годишно момче во близина на брегот на Северна Каролина. Ова е трет напад од ајкула во државата овој месец, пренесува abcnews.com.

Момчето било нападнато додека пливало на брегот на Северна Каролина во неделата попладне, изјавиле официјалните лица.

Момчето, чие име не е објавено, било во водата веднаш зад островот Bald Head, кога било каснато по ногата.

Официјалните претставници на селото соопштија дека утврдиле дека момчето било каснато од ајкула врз основа на проценка од страна на првите одговорни лица и раните што тој ги претрпел. Големината и видот на ајкулата не се познати.

Момчето имало рани на ногата кои не се опасни по живот. Тој бил транспортиран од островот со траект и однесен во локалната болница, изјавија официјални лица.

Ова е третнапад од ајкула на брегот на Северна Каролина во последниот месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот