АИ: Во протестите во Иран загинале 115 лица

Фото: EPA-EFE/VIDAR RUUD

Амнести интернешенел (АИ) денеска соопшти дека во текот на протестите во Иран, организирани поради поскапувањето на горивата во земјата, загинале најмалку 115 лица. Организацијата изразува стравување дека бројката на загинати може да биде уште поголема, пренесе агенцијата Анадолија.

„Според последните податоци кои ги добивме, иранските безбедносни сили усмртиле 115 демонстранти. Веруваме дека вистинската бројка е уште поголема. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата во оваа земја. Апелираме на сите земји да ги земат за одговорни иранските власти”, се наведува во соопштението на Амнести интернешенел.

АИ во сторникот соопшти дека на протестите во Иран загинаа најмалку 106 демонстранти.

Економската ситуација во земјата е отежната по американските санкции, а населението, откако беше најавено значително зголемување на цените на горивата, на 15 ноември излезе на улиците во многу ирански градови.

Во текот на протестите беше предизвкана значителна материјална штета врз многу објекти, а откако судирите ескалираа во саботата, властите го ограничија пристапот до интернет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот