Ахмети: За „Монструм“ баравме помош и од меѓународната заедница

За овој грозоморен настан дознав следниот ден од медиумите. Беше многу трагичен настан. Сигурно дека сум разговарал со многу луѓе, ако вреди за судот и за јавноста сите мои разговори нека се прикажат јавно. Нормално е дека не можам да се сетам на сите детали, но сум зборувал за да ја видиме вистината за настанот, бидејќи бевме вознемирени. Јас и како претседател на партија и пратеник имав грижа, тоа не беше лесна ситуација, сите на некој начин бевме исплашени од овој настан и да не дојде до некој судир. Сите разговори беа со тој поглед со моите соработници. На детали може да ме потсетите. Тоа беше многу лоша ситуација за сите и за мене, и како за човек и како партија сум се обидувал да дадам придонес да се расчисти ситуацијата, изјави денеска на рочиште за предметот „Монструм“ лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Сведокот рече дека имал разговори со претставници на меѓународната заедница за да се помогне да се разреши овој случај, барал помош и од високи претставници од ЕУ и од Викторија Нуланд, екс помошник-државен секретар на САД за европски и за евроазиски прашања.

– Мојата грижа беше да нема влијание за да нема селективна правда. За нас и фамилиите беше најважно да се расчисти најдобро овој случај. Сме барале многу канали и побаравме ова судење да се повтори со цел овој случај да се расветли – посочи Ахмети.

На прашањето на јавната обвинителка Фатиме Фетаи од ОЈО дали се сеќава дека зборел со сега обвинетиот Сафет Незири, Ахмети изјави:

– Не само со Сафет туку сум разговарал и со многу други луѓе за евентуално да не бидат без вина обвинети. Не негирам дека сум разговарал со него – рече Ахмети.

Имавме потврдени и непотврдени информации дека може да се случат протести за овој настан и работите да излезат од контрола, рече лидерот на ДУИ и додадека дека информациите ги имале од органите и институциите на државата, бидејќи жртвите не биле само убиени, туку масакрирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот