Адетунџи од Шкупи моментно најефикасен во Првата македонска лига

Сандеј Адетунџи /Фото: instagram.com/fcshkupi1927/

Остануваат уште пет кола до крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска (1МФЛ), Шкупи овој викенд може да се промовира како нов шампион на нашата земја.

Играчите на тренерот Гоце Седлиски се првопласирани на табелата со 68 бодови, 13 повеќе од второпласираниот тим на Академија Пандев.

Значаен придонес во успешните резултати на клубот од Чаир има и 23-годишниот централен напаѓач Сандеј Адетунџи.

Нигериецот е моментно прв стрелец во шампионатот со 18 голови, два повеќе од Мартин Мирчевски кој не ги брани повеќе боите на Академија Пандев, односно од вториот дел на сезоната настапува за Бачка Топола од Србија.

Следува Ремзи Селмани од Ренова со 13 голови, а по девет имат Ермедин Адем (Македонија ЃП) и Марјан Алтипармаковски (Брегалница Штип).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот