АА: Собранието се претвори во главна пречка за просперирање на државата

Синоќа бевме сведоци на една невидена фарса што се одвиваше во Собранието на Република Северна Македонија. Наместо Собранието да го извшува примарното задолжение што го има, донесување на закони во корист на граѓаните, Собранието се претвори во главната препка за просперирање на државата и арена на прегазување на правата на граѓаните, особено на нас Албанците.

Целата енергија на пратениците од парламентарното мнозинство се стави во функција на стопирање на гласањето на Законот за петтиот пакет мерки во економијата, откривајќи дека недостига вистинска желба, воља и дека недостигаат парите за имплементирање на овој закон. Недостиг на волја што цело време се трудеа да иа препишат на албанската опозиција.

Сега сѐ е јасно како бел ден. Недостига желбата и способноста за да се придвижат работите кон подобро.

Во моментот, откако се побара гласање на Законот од страната на нашата пратеничка, Илире Даути, сета злонамерна машинерија се стави во функција на стопирање и создавање на комично-драматични ситуации на опструкција. Сето ова е типично на фукнционирањето на оваа структура што не претставува повеќе од дваесет години, што секогаш покажувала умешност во деструктивноста и опструкциите на позитивните работи.

Како Форум на жени, го изразуваме нашето длабоко огорчување за начинот на кој што беше пречекан говорот на пратеничката на Алијанса за Албанците, Госпоѓата Илире Даути, еден од нај артикулираните гласови на составот на ова Собрание. Кога таа се трудеше да предложи да се стави на гласање Законот, кој што ќе биде од мала помош за нашите граѓани погодени тешко од пандемијата, на овие граѓани кои што секој ден стануваат се посиромашни и искористени од ова лошо раководење на државата.

Говорот на Госпоѓата Даути, како да навредуваше некого, се пречека со галама, тропање, грди викања што не наликуваат на однесување на избраните од народот, особено кога се работи за помош кон тие што им овозможија да седнат на тие столчиња.

Ова брутално однесување, далеку од секое ѓентлменство, ќе изгледаше дивјачко однесување и во случај да беше усмерено кон жена што навредува од говорница, а не пак кон една вредна пратеничка која што се трудеше да го доведе во завршна фаза тоа што требаше да биде затворено поодамна доколку се имаше волја од парламентарното мнозинство.

Почитувани граѓани, ова однесување на пратениците од ДУИ, како и многу други грди однесувања на штета на нашите граѓани, го открива вистинскиот лик на тие што ја предводат владата. Но, тоа нас нѐ прави уште поупорни во борбата за подобра иднина на Албанците во оваа држава, стои во соопшението на Алијанса на Албанците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот