Ја изневери додека се породуваше, а сега му прости: Клои Кардашијан се смири со кошаркарот Тристан Томсон!

Profimedia
Profimedia

Американските медиуми јавуваат дека ријалити ѕвездата и член на кланот Кардашијан-Џенер, Клои Кардашијан, му прости на својот поранешен партнер кој ја изневери.

„Клои и Тристан Томсон се 100% повторно заедно“, пишува RadarOnline.

Американската јавност е инзенадена од најновите вести за најмладата Кардашијан сестра.

„Тој често ја поминува ноќтта кај неа кога е во градот“, рекол за порталот извор близок на ѕвездата. „Тоа е тајна, бидејќи таа знае колку јавноста ќе ја осудува“.

Судејќи според изворот, Клои и Тристан не се спремни заедно да се појават во јавноста, но ријалити-ѕвездата не можела без него.

View this post on Instagram

We are ready whenever you are little mama ?

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on

„Таа сепак го сака и покрај тоа што ужасно се однесуваше кон неа“, додал изворот.

Парот раскина на почетокот од 2019 година, кога медиумите дојдоа до информација дека кошаркарот ја изневерил со Џордин Вудс, најдобрата пријателка на нејзината полусестра Кајли Џенер. Откако веста беше откриена, сите Кардашијан-Џенер членови ја исфрлија Вудс од нивниот живот, а таа неодамна јавно сведочеше на полиграф за оваа афера, со намера да докаже дека не спиела со Томсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот