Мета по средбата со Хоти: Албанија го подржува дијалогот Косово – Србија

Хоти се сретнал и со лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша.

Албанскиот претседател Илир Мета на попладневната средба со косовскиот премиер Авдулах Хоти, на Косово му посакал многу успех во европската перпектива и го подржал дијалогот со Србија.

„Среќен сум што денеска имав братска средба со премиерот на Република Косово,Авдулах Хоти. Му ја честитав новата функција и посакав многу успех за доброто на Косово,неговиот народ и европската иднина,напиша Мета на Фејсбук.

Додава дека Албанија го подржува дијалогот Косово – Србија за нормализирање на односите меѓу двете земји и во тие рамки „се добредојдени напорите на САД и ЕУ”.

Посочува дека е многу битно сите политички сили во Косово да се обединат за сеопфатна платформа во овој процес и оти,според него, либерализацијата на визите за граѓаните на Косово е неопходност што мора да се случи што е можно поскоро.

„Му ветив на премиерот Хоти дека летово со задоволство ќе ги промовирам природните убавини на нашето сакано Косово, убеден дека и многу граѓани од Косово ќе ја поминат туристичката сезона покрај бисерите на крајбрежјето и во прекрасните планини на Албанија”, напиша Мета.

Хоти се сретнал и со лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, кој ветил дека „прв проритет кога неговата партија ќе дојде на власт ќе биде укинувањето на патарината на „патот на нацијата”,односно автопатот Тирана – Морина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот