Лавров: Инцидентот со Навални е лажен 

Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY / HANDOUT MANDATORY CREDIT / HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES HANDOUT

Москва има причина да верува дека инцидентот со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални бил лажен, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на заедничката прес-конференција со неговата шведска колешка Ан Линд.

„Што се однесува до случајот Навални, не ни се дадени никакви информации што ги докажуваат обвинувањата против руските власти“, рече Лавров, пренесе ТАСС.

Тој оцени дека ако обвинете некого, тогаш треба да ја докажете неговата вина.

„Денес уште еднаш ја потсетив шведската страна дека, бидејќи шведската воена лабораторија изврши анализа и заклучоците на германските експерти беа јавно потврдени, очекуваме од нашите шведски колеги да покажат транспарентност и искреност во овој случај“, рече рускиот министер за надворешни работи.

На Навални му се слоши за време на авионски лет на 20 август, а два дена подоцна беше префрлен во болница во Берлин. Лаборатории во Германија, Франција и во Шведска, како и тестирањата кои ги спроведе Организацијата за збрана на хемиско оружје, утврдија дека Навални бил изложен на отровот „новичок”, развиен во некогашниот Советски Сојуз. Руските власти во неколку наврати негираа каква била вмешаност во труењето на Навални.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот