40 години од смртта на Хичкок, еве кои биле неговите легендарни русокоси и каков трауматичен однос имал со нив

profimedia

Сите негови жени од филмското платно наликувале една на друга, зашто тој самиот така ги обликувал. Со секоја од нив имал опсесивен однос, а ако им се налутел поради нивна „непослушност“, им ја уништувал кариерата…

„Единствен начин да се ослободам од своите стравови е за нив да снимам филм“, изјавил во една прилика прочуениот режисер Алфред Хичкок кој, меѓу бројните фобии, имал фобија од обично јајце од кокошка. Го викале мајстор на неизвесноста и татко на стравот, а неговите филмови со децении пронаоѓаат фанови во секоја нова генерација.

Зад себе остави над 50 филма, кои и денес не оставаат без здив, предизвикувајќи напнатост. Сепак овој славен режисер добил Оскар само еднаш, иако бил револуционер во својата работа и еден од најголемите експериментатори на филмскиот израз, со оригинален стил што сè уште се имитира.

Алфред Хичкок бил роден на 13 август 1899 година, во предградието на Лондон, во семејство на трговци Вилијам и Ема Џејн. Одел во католичко училиште, а познато е дека детството го минал прилично повлечен и осамен.

Кога имал 14 години, татко му починал. Се запишал во колеџ за инженеринг и навигација, а по дипломирањето работел како цртач и дизајнер на реклами во телефонска фирма. Во тој период голем интерес имал кон фотографијата, а тоа го одвело до филмската индустрија. Својата прва работа во филмската индустрија ја добил во 1920 година, и тоа како графички дизајнер. Но кариерата веднаш му тргнала од рака. Неговиот талент се видел уште со првиот филм, кој го режирал во 1925 година, „Градина на задоволството“, а филмот бил сниман во Германија.

Следната година се женил со асистентката Алма Ревил, ја добиле ќерката Патриција, која подоцна пишувала сценарија за многу од филмовите на татко си. Многумина соработката на таткото и ќерката ја нарекувале соработка од сништата.

Почетоците во работата Хичкок ги бележел во Европа, но поради финансиски проблеми се свртил кон холивудските студија, кои ветувале повеќе. За актери во неговите филмови секогаш избирал исти лица, кои благодарение на него станале славни, Вера Мајлс, Кери Грант, Џејмс Стјуард и Грејс Кели.

Репутацијата на талентиран режисер ја стекнал во 1927 година со филмот за Џек Мевосек. Неговиот следен филм „Уцена“ бил прв британски филм со звук, кој постигнал голем успех.

Русокосите жени на Хичкок

Хичкок инсистирал на добра организација и голема дисциплина на снимањата. Бил перфекционист и големо внимание придавал на деталите. Но неговиот каприциозен карактер особено бил впечатлив во неговиот однос со ѕвездите на неговите филмови, таканаречени русокосите жени на Хичкок.

Несомнено најпознатата русокоса жена на Хичкок е Грејс Кели, принцезата од Монако, која била прв проект на Хичкок, со огромен успех. Од срамежлива и неугледна глумица тој направил од неа ѕвезда и икона на стилот. Но Кели имала цврст карактер и често му се спротиставувала. На пример, одбивала да пуши, иако цигарите биле неизбежлив детал во старите филмови. Нејзиниот однос до режисерот останал крајно професионален до крај, а снимила за него три филма.

facebook

Хичкок бил познат и по чудниот хумор. Имено, кога ќе дознаел дека некој од членовите на екипата има некаква фобија, тоа го користел, па кутиите полни со глувци, змии и стаорци често биле дел од филсмкиот сет.

Откако се омажила со принцот Рение Трети од Монако, Грејс Кели се повлекла од филмската индустрија. Нејзината постапка Хичкок ја гледал како предавство, но секоја следна глумица со која соработувал за споредувал со Кели.

Вера Мајлс била негов следен проект, имала 27 години. Откако потпишале долгогодишен договор за соработка, почнал да го менува нејзиниот имиџ и нејзиното однесување. Ѝ ја дал главната улога во култниот филм Вртоглавица, но глумицата забременила и ја одбила улогата, на тоа Хичкок бурно реагирал. Нејзината следна улога била доста подоцна, во 1962., во прочуениот филм Психо.

Madeline: "Why did you run?" John 'Scottie' Ferguson: "Well, I'm responsible for you now. You know, the Chinese say…

Publiée par Alfred Hitchcock sur Mercredi 12 février 2020

Не се знае дали оваа долга пауза самата ја направила по сопствена желба или пак, за тоа бил заслужен Хичкок кој сакал да ја казни поради предавството. Со оглед на тоа што била под договор не можела со никој друг да соработува и невработеноста често и предизвикувала депресии. 

Vera Miles starred as the determined Lila Crane in Psycho, bent on finding her doomed sister Marion.

Publiée par Alfred Hitchcock sur Lundi 3 février 2020

Без сомнеж, Психо е најпознат филм на Хичкок, а сцената на бруталното убиство под туш е најпозната филмска сцена на сите времиња. Џенет Ли и нејзината замена чие голо тело го видовме во оваа сцена, Марли Ренфро, една од првите Плејбој зајчиња, оваа сцена ја снимале седум дена, а интересно е дека улогата на крв во оваа сцена ја одиграл чоколадниот прелив. Откако првпат ја видела оваа сцена на филмското платно, Џенет Ли одбивала да се тушира и секогаш ја оставала вратата на купатилото отворена.

It took 7 days to film all of the shots that make up the iconic 45-second shower scene in Psycho.

Publiée par Alfred Hitchcock sur Jeudi 27 février 2020

Контроверзниот однос со Типи Дерен

Сите комплекси на режисерот испливале на виделина кога ја запознал манекенката Типи Хедрен. Веднаш ја повикал да работи за него, откако ја забележал во една реклама за сок. Воодушевена од приликата да се појави на големиот екран, Типи потпишала 7-годишен договор и почнува турбулентниот однос меѓу неискусната глумица и филмскиот екцентрик кој велел дека е заробен во ладен брак.

Подоцна Типи ќе изјавила дека трпела злоставувања од режисерот.

Штом ја запознал, Хичкок почнал да ѝ упатува ниски коментари и да ѝ раскажува мрсни вицови. Како по шаблон, прво и ја сменил фризурата и ѝ наредил како да се шминка. Нарачувал облека која морала да ја носи, не само на снимање туку и во приватниот живот. Ја подучувал како да глуми но и како да се однесува. Со текот на времето станувал многу опсесивен, па не дозволувал на ниеден маж од екипата да ѝ се обраќа. Дури имал ангажирано луѓе да ја следат штом го напуштала студиото.

Ќерката на Типи Хедрен, Мелани Грифит, се сеќава како мислела дека Хичкок сака да ѝ ја украде мајка ѝ, а во една пригода од него добила морбиден подарок. Станувало збор за кукла која толку многу личела на Типи што девојчето се вознемирило. Подарокот бил спакуван во дрвена кутија која потсетувала на ковчег.

Типи побегнала кога режисерот ѝ се нафрлил во автомобилот и почнал да ја бакнува. Следниот ден требала да ја снима сцената во телефонска говорница во која се залетуваат птици. Иако била уверена дека се е безбедно, една од механичките птици го скршила стаклото на говорницата и Типи се здобила со неколку лузни на лицето и рацете. Потоа, се снимала прочуената сцена на таванот. Снимањето требало да трае еден ден и планот бил да се користат механички птици. Меѓутоа, Хичкок одлучил на неа да пушти вистински птици, а снимањето траело пет дена. На глумицата одново и одново и биле пуштани разбеснети галеби со остри клунови кои ја гребеле. Петтиот ден Типи го напуштила студиото хистерична, во искинат костум, со длабоки исекотини на нозете, рацете и лицето. Една од птиците за малку и го промашила окото.

Alfred Hitchcock – The Birds

Publiée par CinemaDrugs sur Vendredi 11 mars 2016

Кулминацијата на садистичкиот однос кон Типи се случило кога Хичкок ѝ наредил дека од сега па натаму од неа очекува сексуални услуги кога тој ќе посакал, во знак на благодарност што од ена направил ѕвезда. Типи Хедрен си заминала, но кариерата ѝ била упропастена. Наредните години од студиото добивала плата но со забрана ништо друго да не снима.

Ребека му го носи Оскарот 

Името на Хичкок е синоним за добар хорор и трилер. Неговите најдобри филмови се појавуваат во 50-те години, „Озлогласена“, „Вртоглавица“, „Психо“, „Север-северозапад“… „Ребека“ е единствениот негов филм за кој добил Оскар (1940 година). Во најголем дел од филмовите се појавувал и самиот Хичкок, па така на миг можеме да го видиме како влегува во автобус, поминува покрај некоја зграда или се појавува на фотографија. Овие кратки појавувања станале негов заштитен знак. Уште еден негов заштитен знак бил и употребата на бројот 13. Овој број редовно се појавувал без разлика дали како обичен датум, како број на адреса, број на регистарска табличка… Во филмот „Вртоглавица“ употребувал снимателски трик што подоцна го имитирале другите режисери, познат како „Хичкоков зум“.

Joan Fontaine was nominated for the Academy Award for Best Actress when she starred as the second Mrs. de Winter in Rebecca.

Publiée par Alfred Hitchcock sur Lundi 6 janvier 2020

Позната е неговата изрека „Јас сум филантроп – на луѓето им го давам тоа што сакаат. Луѓето сакаат да почувствуваат ужас и страв“.

При крајот на својот живот добил витешка титула од кралицата Елизабета Втора. Починал од откажување на бубрезите, во својот дом во Бел Ер, на 29 април 1980 година, во 80-та година од животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот