Тетовска болница. / Фото: МИА

36-годишна жена меѓу десетмината починати во тетовската болница ноќеска, сите биле невакцинирани

Триесет и шестгодишна жена е најмладиот починат пациент од ковид во тетовската болница изминатото деноноќие. Во истата болница имало уште 9 лица кои починале изминатите 24 часа, информира раководителот на ковид-одделението доктор Гзим Нуредини за Слободен печат. Ниеден од починатите не бил вакциниран и сите биле со коморбидитети, односно придружни болести.

Бројот на амбулантски прегледи драстично расте во овој ковид-центар каде за преглед се јавиле дури 245 пациенти. Хоспитализирани се 120 лица и повеќето се на кислородна поддршка.

-Нема подобрување, многу пациенти бараат прием и преглед. Имаме 120 хоспитализирани, со прва доза се вакцинирани девет, а со втора три пациенти. Починати за жал имавме многу, десетмина и сите невакцинирани и со пропратни болести. Почина жена која беше донесена во многу тешка состојба при прием и почина во текот на приемот. Тоа е многу млада жена, под 40 години, ни рече доктор Нуредини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот