206 казни за возачи што возеле пребрзо

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. / фото Архива

Во текот на вчерашниот ден (23.06.2022), Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на  Македонија за санкционирање на возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 206 возачи.

„Од нив, 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 77 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 129 надвор од населено место. За време на акциската контрола санкционирани биле и 209 други видови прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови“ велат од МВР.

41 возачи возеле пребрзо на подрачје на СВР Куманово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот