106 санкционирани возачи во Сарај

сообраќајна полиција
Сообраќајна полиција / Фото: МВР

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи-Скопје во текот на вчерашниот ден (22.06.2021) од 12 до 20 часот спроведоа засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територија на општина Сарај, при што санкционирани се 106 возачи. 18 лица управувале возило без возачка дозвола, 22 не користеле сигурносен појас, 21 користеле мобилен телефон додека управуваат возило, а изречени се и 12 санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила…

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот