„Ракетите“ на турбопогон (ВИДЕО)

EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Хјустон рокетс го доби дерби дуелот од Западната конференција против Денвер нагетс со убедливи 112-85. Како по обичај, прво име во триумфот на „ракетите“ беше Џејмс Харден 38 поени, додека Клинт Капела имаше дабл-дабл учинок од 17 поени и 15 скокови.  Со оваа победа, Хјустон кој е на четвртото место во Западната конференција, има само две победи помалку од Денвер кој е второпласиран, но има подобар меѓусебен скор.

Со враќањето на Јанис Адетокумбо на теренот се вратија и победите за Милвоки бакс. Гркот во победата на својот тим од 128:118 над ЛА Клиперс  учествуваше со 34 поени, додека најпрецизен беше Крис Мидлтон со 39 постигнати поени.

Резултати:
Детроит – Орландо 115:98
Филаделфија – Бруклин 123:110
Мајами – Далас 105:99
Њујорк – Торонто 92:117
Хјустон – Денвер 112:85
Милвоки – ЛА Клиперс 128:118
Њу Орлеанс – Сакраменто 121:118
Сан Антонио – Кливленд 116:110.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот