Адеми: Со Мајка Тереза се гордеат сите граѓани на Република Северна Македонија

Со Мајка Тереза се гордат сите граѓани на Република Северна Македонија, без разлика на етничката или верската припадност. Со неа се гордее целиот свет, истакна денеска министерот за дијаспора Едмонд Адеми на церемонијата за свечено откривање на статуата на Света Мајка Тереза во Карловац, Република Хрватска, од каде упати пораки за мир, разбирање и меѓусебно почитување.

Како што соопштија од ресорното Министерство, Адеми во своето обраќање рече дека почитта за ликот на Света Мајка Тереза е почитување на сите луѓе со добра волја.

-Почита за Мајка Тереза е почитување на сите луѓе со добра волја секаде низ светот, тоа е свиок и чест пред нејзиното жртвување. Како Албанец од Република Северна Македонија, почитта и честа кон нејзе е дополнително посебна, знаејќи дека милосрдниот мисионер, Св. Мајка Тереза, е родена на 26 август 1910 година во Скопје како Ањезе Гонџа Бојаџиу, истакна Адеми.

Министерот Адеми се заблагодарил на градот Карловац, како и на сите активисти од нашата дијаспора кои иницираа и придонесоа во воспоставување на статуата на Света Мајка Тереза, потенцирајќи дека денови како овој треба да не потсетуваат дека треба да продолжиме и да ја следуваме мировната мисија на Мајка Тереза.

-Не можете сите да правиме големи работи. Но сите можеме да правиме мали работи со многу љубов, рекол во својот говор Адеми, цитирајќи ја Света Мајка Тереза.

На свеченото откривање на статуата на Мајка Тереза, информираат од Министерството, присуствувале и политички претставници од  Хрватска, Албанија и Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот