Утре без струја делови од неколку скопски општини

Утре без струја делови од неколку скопски општини

74
SHARE

Делови од скопските општини Центар, Карпош, Чаир, Кисела Вода, Аеродром и Чучер Сандево утре ќе бидат без струја поради закажани технички зафати во електроенергетската мрежа.

Во периодот од 08:30 до 09:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од булеварот „Илинден“, делот кај Зоолошка градина, ул. „Орце Николов“ и ул. „Рузвелтова“ во општина Центар.

Без струја од 08:30 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од дел од Средно Водно – предаватели за РТВ сигнали, дел од село Горни Крушопек и дел од село Нерези – Етно Село, во општините Центар и Карпош, а во периодот од 08:40 до 15:00 часот корисниците од дел од ул. „Серава“, ул. „Стојна Стевкова“ и ул. „Рифат Бурџевиц“ во општина Чаир.

Во периодот од 10:00 до 11:30 часот прекин во снабдувањето со струја ќе имаат корисниците од околните улици во близина на Универзална Сала, ул „29 Ноември“, делот кај Универзална Сала, ул. „Владимир Полежиновски“, ул. „Петар Поп Арсов“ и ул. „9 Мај“ во општина Центар, а во периодот од 12:00 до 13:30 часот корисниците од ул. „Михаил Чаков“ и ул. „Ѓорѓи Сугаре“ кај Топлана во општина Кисела Вода.

Без струја во периодот од 12:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците корисниците од дел од село Кучевиште во општина Чучер Сандево, од 14:00 до 15:30 часот корисниците од ул. „Горно Лисиче“ и “Горноврановска“ кај каналот во село Горно Лисиче, ул „Ѓорѓи Андреевиќ Кун“, како и влезот во село Горно Лисиче во општина општина Аеродром, а во перииодот од 08:45 до 15:00 часот корисниците од дел од ул. „Чаирска“, ул. „7-ма Албанска Бригада“ како и дел од ул. „Бајрам Шабани“ во општина Чаир.

(МИА)

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY