Напред Македонија: Ново Европско за малата земја со големи соништа

На 1 септември прв ривал ни е еден од домаќините на ЕП, Финска/Фото: facebook.com/volleyballmkd

Најдобрата македонска одбојкарска репрезентација ќе учествува на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во четири земји (Полска, Чешка, Естонија и Финска) во периодот од 1-19 септември.

Нашите одбојкари се сместени во групата „Ц“, во Тампере (Финска) ќе ги одиграат натпреварите од групната фаза.

Прв ривал ни е Финска на 1 септември од 18.00 часот по македонско време, два дена подоцна играм со Холандија, на 5 септември против Турција, следниот ден со Шпанија, а последен противник е Русија.

Ова е наш втор континентален собир, во дебитантскиот настап во Љубљана имавме и повеќе од солиден настап, ја совладавме Белорусија, а потоа и европскиот вицешампион Словенија иако тоа не беше доволно за осминафинале, но сепак оставија значителен впечаток.

Сега без никаков притисок, знаејќи го искуството, македонската селекција се надева на подобар пласман од дебито кога се најдовме на 17 место од 24 позиции.

Одбојкарската репрезентација со двајца дебитанти ќе настапи на ЕП

Непосредно пред патувањето за Тампере, еве што напиша македонската одбојкарска федерација на својот официјален Фејсбук профил:

– Ново Европско за малата земја со големи соништа – објавија од федерацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот