Српска двојка од пеколот: Држеле робинка, ја малтретирале, ја силувале и ја принудувале да јаде измет

Еден пар скоро две години злоставувал и ѕверски мачел 28-годишничка. На двојката ѝ се закануваат до 15 години затвор.

Случајот кој ја згрозил Србија бил откриен лани, во средината на октомври. По анонимен повик, полицијата упаднала во куќата на 28-годишната Милева Мартинов и нејзиното момче, 36-годишниот Ненад Петровиќ. Таму ја начекале несреќната жена малтретирана и во очајна здравствена состојба.

– Мачената кажа дека кај своите мачители пронашла заштита, откако побегнала од семејството, каде што трпела насилство. Првите месеци добро се сложувале, но потоа куќата за неа станала пекол поради љубомората на Милева. Таа почнала брутално да ја злоставува, и физички и психички, а набргу во тоа се приклучил и Ненад. Покрај тепањето, ги корнеле нејзините нокти, ја терале да јаде измет, а наводно Милева ја силувала со метла – рекол извор за Курир.рс.

Робинката тешко се разболела и имала карцином.

– Толку ме мачеа, што ги молев да ме убијат. Еднаш се обидов да побегнам, но ми беше страв дека ќе ме фатат. Носеа мажи да имаат секс со мене, а за тоа земаа пари. Ме тераа и да просам – наводно раскажала таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот