Зошто партиите во изборната кампања бегаат од граѓанските теми?

Карваните и на власта и на опозицијата забревтано возат од село до град. На митинзите и на средбите со граѓаните се нудат решенија како на панаѓур, од игла па се до локомотива. Комуникологот Жанета Трајковска од Институтот за комуникациски студии вели дека досегашната понуда на партиите е несуштинска и е сведена на меѓусебни обвинувања. Таа  посочува дека ако политичарите сакаат да ги натераат граѓаните да излезат на гласање, ќе мора во фокусот да ги стават граѓанските теми. Не само активистите од невладиниот сектор, туку голем дел од населението доживува сериозно освестување во делот на нашето секојдневие. За тоа придонесува и фактот дека во нешто сме први во светот, а тоа е дека државата ни изгледа како една голема депонија, вели Трајковска

– Голем дел од граѓаните, посебно оние кои што живеат во урбаните средини, кои се соочуваат со загадениот воздух, со згради на секој чекор, ќе очекуваат конкретни чекори или предлози како овој кошмар – хаос во кој живееме, може да се реши. Никој не вика дека тоа е лесно. Но мислам дека ниту една политичка елита кај нас за жал нема храброст да ги направи реформите во животната средина бидејќи тие се непопуларни – вели Трајковска.

Според Трајковска онаа политичка партија која ќе излезе со сериозен предлог за развој на квалитетот на живот и животната средина во државава ќе има поголеми шанси да освои поголем дел од гласовите. Но, таа препорачува тоа да не се комични идеи, туку конкретни и реални мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот