Зошто монтажна кога има подземна? (ФОТО)
Додека жителите на овој дел од населбата Ѓорче Петров се мачат да најдат слободно паркинг-место, за оваа подземна гаража која има голем капацитет, повеќе од 10 години никој не презема ништо.
Но затоа, од Општината имаат план и на 15 чекори од подземната гаража, за да го решеле проблемот со паркирањето, сакаат да изградат надземна монтажна катна гаража, која ќе узурпира простор кој може да стане зелена површина бидејќи Ѓорче Петров е една од најзагадените општини, а локацијата би била во непосредна близина на детско игралиште што исто така не е во ред.
Подобро би било кога подземната гаража би се реновирала, а делот кој е сега предвиден за катна да биде уреден во зелено детско катче.
Добро би било кога градоначалниците би имале чести отворени средби со жителите на своите општини, за да дојдат до најдобри решенија.