ЗНМ и ОБСЕ доделуваат заштитна опрема и средства за дезинфекција на медиумите

Здружение на новинарите / Фото: Лого, Архива на Слободен печат

Поради итноста на ситуацијата, крајниот рок за аплицирање е 6 април 2020 (понеделник).

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе доделува пакети со заштитна опрема и средства за дезинфекција на медиумите со цел поголема заштита на новинарите и медиумските работници од коронавирусот.

Како што информира попладнево ЗНМ, подготвени се два вида пакети. Првиот е пообемен и е наменет за националните медиуми кои имаат поголеми редакции, а вториот е за медиуми со помал број вработени. Со оглед дека количина пакети е ограничена, принципот на распределба ќе биде „прв пријавен – прв услужен”, а секој медиум може да добие максимум еден пакет.

Поради итноста на ситуацијата, крајниот рок за аплицирање е 6 април 2020 (понеделник).

-Во услови на глобална пандемија од исклучително значење за ЗНМ, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, но и за пошироката јавност е да имаме квалитетни и навремени информации. Сметаме дека заштитната опрема ќе помогне за остварување на таа цел, која не би била возможна без добро заштитени новинари и медиумски работници, наведува ЗНМ.

За правилна распределба на пакетите, ЗНМ ги повикува медиумите да испратат порака на електронска пошта ([email protected]; [email protected]) и во неa да се наведе: името на медиумот, видот на медиумот (телевизија, радио, весник, интернет портал), вкупниот број вработени во медиумот и официјална адреса на медиумот (каде ќе бидат доставени пакетите).

-Поради големиот број  медиуми укажуваме дека секој медиум ќе може да добие не повеќе од еден пакет. Освен тоа, апелираме до медиумите кои веќе обезбедиле соодветна заштита за своите вработени или нивната работа не вклучува известување од терен да не аплицираат за добивање на пакети, бидејќи на тој начин може некој од колегите што секојдневно се изложени на ризик да не бидат соодветно заштитени. доставата на пакетите ќе се врши исклучиво на адресата на медиумот за што потребно е да делегирате и лице за контакт со негов мејл и мобилен телефон.

Барањето за пакетите треба да се испратат на Верче Костовска ([email protected]) и на основната електронска адреса на ЗНМ ([email protected]) со предмет: Пакет за заштита на новинари и медиумски работници. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот