Знам дека сакавте Серена да победи, извинете

фото: ВТА

Младата канадска тенисерка Бјанка Андреску направи вистинска сензација со триумфот на последниот годинешен грен слем турнир, УС Опен.  Андреску во финалето ја совлада Серена Вилијамс со 6:3,7:5 и ја спрече Американката да дојде до 24 грен слем трофеј.

– Знам дека сакавте Серена да победи, извинете. Се очекуваше Серена да успее да се врати во игра, во минатото тоа често и успеваше. Поради тоа е голем шампион, но јас се трудев да го дадам најдоброто од себе – изјави Андреску.

Американката втора година по ред губи во финалето на УС Опен, минатата година поуспешна од неа беше Наоми Осака со што не успеа да стане тенисерка со највеќе грен слем титули. Моментно, Маргарет Корт има 24 грен слем титули и на Вилијамс и недостасува само уште еден трофеј од грен слем турнирите за да се израмни со славната Австралијка.

– Дефинитивно ова е големо разочарување. Мојот пораз е поради одличната игра на Бјанка, но и има и моја вина. Сепак, таа беше многу подобра во овој дуел и ја заслужи титулата.  Не ми е важен рекордот, јас се обидувам на победувам на сите турнири на кои настапувам. Поразите во финалињата се фрустрирачки но и понатаму ќе продолжам да давам се од себе за да победувам – рече Серена Вилијамс.

Новинарите истакнаа дека Серена сега „многу поискрено“ и честиташе на победничката, алудирајќи на минатогодинешното финале на УС Опен кога направи скандал во поразот од Наоми Осака.

– Не го разбирам вашето прашање. Секогаш и честитам на противничката кога ќе победи. Не можам да кажам дека сега полесно ги прифаќам поразите но не сум среќна кога губам – изјави Вилијамс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот