Значително намалени бегалските бранови на грчките острови

epa08498030 Two women from Africa look on as asylum seekers march during World Day for Refugees, in Athens, Greece, 20 June 2020. The demonstrators protested against deportations and the Greek government's decision that they should leave their accomodation; houses rented by NGOs or camps. EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

За 92 отсто во периодот март – ноември и за 83 проценти од јануари до ноември се намалиле бегалските и мигрантските бранови кон грчките острови, споредбено со истиот период лани, согласно официјалните податоци од Министерството за миграција и азил на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од почетокот на годинава, заклучно со месец ноември на островите во Грција пристигнале  9.675 баратели на азил, наспроти 57.927 за 11 месеци во 2019 година.

На ниво на цела Грција, односно и на островите и кај Еврос, намалување на пристигнувањата има за 79 отсто споредбено со лани од јануари до ноември.

Од почетокот на епидемијата, односно во периодот март – ноември, кога во сила се зголемени мерки на границите, брановите се намалени за 92 отсто, односно во 2019 година пристигнале 54.306 баратели на азил, а годинава 4.344.

Намалувањата во месец октомври се за 99 проценти, а во ноември 97 отсто, во споредба со истите месеци лани.

Министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис, вели дека драстичното намалување на брановите, во време кога другите земји бележат значително зголемување, „ги покажува систематските напори на Грција во борбата со криумчарските мрежи”.

-Ќе продолжиме да ги штитиме нашите копнени и морски граници, со решителност, ефикасност и апсолутно почитување на меѓународното право и европските вредности, вели Митаракис.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот