Зимски пневматици, намалена брзина и избегнување нагли движења за побезбедно возење во зимски услови

Снег/ Фото: ЕПА

Во зимски услови и на замрзнати коловози, возете внимателно, концентрирано и со намалена брзина. Користете зимски пневматици  кои обезбедуваат највисок коефициент на триење, советуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – РСБСП.

Според РСБСП, зимските услови на патиштата најчесто се карактеризираат со намалена фрикција (триење) помеѓу гумите и коловозот предизвикана од лед или снег на патот, која ја отежнува контролата и управувањето со возилото (поаѓање, забрзување, успорување, контрола при свиоци – коефициентот на триење кога се вози на сув коловоз е околу 0.80 до 0.85, на влажен околу 0.45 до 0.50, а при возење на замрзнати коловози само 0.05 до 0.10). Обезбедувањето на највисок можен коефициент на триење е одлучувачки фактор за безбедноста при возењето во зима.

–  Како да го добиете? Избегнувајте нагло вртење на возилото, нагло кочење или забрзување. Ваквите дејствија придонесуваат до понатамошното намалување на коефициентот на триење, што е особено опасно при возење на замрзнат коловоз, и често може да дојде до губење на контролата врз возилото. Пред да излезете да возите во зимски услови, монтирајте соодветни пневматици. Зимските пневматици се специјано дизајнирани за возење по замрзнат коловоз, и се далеку побезбедни од обичните. Подлабоките вдлабнатини и поголемата еластичност при ниски температури ја зголемуваат фрикцијата помеѓу коловозот и пневматикот, се советуваат возачите.

Таканареченото “дефанзивно” возење, се посочува, доаѓа до израз најмногу во зимски услови. Возење дефанзивно, помеѓу другото, значи предвидување каде би можеле да очекуваме отежнати услови и навремено превземање на превентивни мерки. Дополнителна претпазливост за околностите и ситуацијата на коловозот, особено пред вас, како не би дошло до потреба за нагло кочење или вртење на возилото значително ја намалува опасноста од сообраќајна несреќа во зимски услови.

За да се обезбеди максимална фрикција при возење по угорница, удолница или кривина, основно правило е, се нагласува, навремено намалување на брзината. Кинетичките сили кои влијаат врз возилото во овие околности дополнително го оптеретуваат коефициентот на триење, и може многу лесно да се изгуби контрола.

Доколку се изгуби контрола, и покрај сите превземени мерки и претпазилвост и возилото почне да пролизгува по коловозот, сечива првична реакција е притискање на сопирачката. Но наспроти ова инстинктивна реакција, се препорачува отпуштање на сопирачката. На овој начин најлесно може да дојде до враќање на контролата и исправување на правецот на движење на возилото, советуваат од РСБСП.

При поаѓање на замрзнат пат, најбитно е нежно отпуштање на квачилото и додавање на гас. Благо пролизгување во овие ситуации е неизбежно, но не е нешто од коешто треба да се плашите.

При кочењето настануваат проблеми кои ги решавате прво со притискање на квачилото, а потоа нежно притискање на сопирачката. Дозволете возилото само да си ја намалува брзината, како резултат на триењето, за да не дојде до можна незгода, посочуваат од РСБСП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот