Зидан еден ден сигурно ќе биде селектор на Франција

Зинедин Зидан не го интересира клупата на Манчестер јунајтед/ фото: EPA-EFE/Peter Powell

Иако важеше за главен фаворит, фудбалската репрезентација на Франција доживеа неуспех на Евео 2020. „Тиколорите“ во осминафиналето загубија од Швајцарија и тоа во пенал рулетот иако во регуларниот дел од натпреварот имаа водство од 3:1.
Француската хавност е незадоволна од резултатите, на удар е селекторот Дидие Дешан, но во исто време во јавноста испливаа и други проблеми кои ги имаше во соблекувалната.
Но, претседателот на фудбалската федерација на Франција, Ноел Ле Грет не сакаше да шпекулира околу иднината на селекторот Дешан.

– Мора добро да размисли, како и јас. Ќе поминеме еден ден заедно, ќе разговараме за неговата мотивација и желби. Не можеме по еден неуспех се да доведуваме во прашање, бидејќи зборуваме за човекот кој не водеше до светската титула. Ниту една едлука нема да ја донесеме набрзина – изјави Ле Грет.

Желбата на најголем дел од фановите, но и на јавноста, наследник на Дешан да биде Зинедин Зидан. Зидан по завршување на изминатата сезона си поднесе оставка од тренерската функција во Реал Мадрид и најави дека ќе си земе едногодишна пауза од фудбалот.
– Зинедин Зидан е личност која ја обожувам. Успешен беше и како играч, успешен е и како тренер. Зидан сигурно ќе ја предводи Франција. Кога? Не знам, но тоа сигурно ќе се случи еден ден – истакна Ле Грет.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот