Жизел Бундшен шокираше со изјавата за бракот со Том Брејди: Тоа беше преживување…

Том Брејди и Жизел Бундешен / Фото: EPA

Бразилскиот топ модел Жизел Бундшен неодамна отворено проговори за нејзиниот 13-годишен брак со Том Брејди, ѕвездата на американскиот фудбал, кој заврши со развод.

Она што го откри манекенката го остави светот во шок, бидејќи сите мислеа дека тие двајца се совршен пар.

Жизел Бундшен и Том Брејди
Жизел Бундшен и Том Брејди на Мет гала во 2019 година / Фото: Profimedia

Таа јасно и гласно изјавила дека во текот на бракот со Брејди не живеела, туку само преживувала.

„Мислам дека претходно повеќе преживував, а сега живеам, што е поинаку“, изјавила Жизел Бундшен за „Си-би-ес“.

Манекенката додала дека е задоволна што влегла во нов период од нејзиниот живот.

жизел бундшен
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Жизел рекла и дека е среќна што сега може да прави повеќе работи коишто таа самата ги сака, но и дека, покрај сè, не би променила ништо од тоа што го правела.

„Не би менувала ништо, не би направила ништо поинаку, ниту една ситница. Разводот не беше нешто на што се надевав и што посакував, моите родители беа во брак 50 години и на некој начин го сакав тоа и за себе. Но, мора да прифатиш дека некогаш со годините се зближувате, а некогаш се разделувате. Тој е татко на моите деца и секогаш му посакувам само најдобро, благодарна сум на убавите деца што ги имаме и верувам дека кога една врата се затвора, друга се отвора“, рекла Жизел, пренесе американскиот портал „Ти-ем-зи“.

Том Брејди во последно време го поврзуваат со руската убавица Ирина Шајк, со која неколкупати беше снимен заедно.

Маненкенката се пофали дека е во среќен брак, но Брејди обелодени: Две години се бориме да спасиме што може да се спаси!

Жизел Бундшен и Том Брејди се почастија со луксузен имот во „бункерот на милијардери“

„Беше болно и тешко“: Жизел Бундшен и Том Брејди се разведоа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот