Животот на кралицата Елизабета Втора: Како синооката Лилибет стана најмоќниот британски монарх?

epa-efe
EPA-EFE

Британската кралица Елизабета Втора почина на 8 септември на 96-годишна возраст во својата летна резиденција во Балморал.

Нејзиното Величество беше најдолговечниот британски монарх – на тронот беше цели 70 години. Покрај тоа што беше кралица на Обединетото Кралство, таа беше и монарх на 16 земји од Комонвелтот и исто така врховен поглавар на англиската црква.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Животот на Лилибет пред крунисувањето

Бебето „Лилибет“, со својата руса коса и продорни сини очи, дошло на свет на 26 април 1926 година во градската куќа на Мејфер на нејзините горди родители, во Лондон. Нејзиното целосно име е Елизабет Александра Мери. Таа била љубопитна и бистра девојка, опишана од Винстон Черчил како „карактер“ на двегодишна возраст, додека нејзината гувернанта подоцна напишала за нејзината љубов кон животните и посветеноста на одговорноста што ќе ѝ овозможи да владее седум децении.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joanna Maria (@lemonade.in.a.teacup)


Нејзин татко беше британскиот крал Џорџ Шести, кој дошол на власт кога неговиот брат Едвард Осми абдицирал за да може да се ожени со Американката Волис Симпсон.

Елизабета не одела на училиште, ниту јавно ниту приватно, но како и повеќето деца од кралското семејство, се школувала дома, каде што ги имала на располагање најдобрите учители. На седумгодишна возраст научила да чита и пишува.


Кралицата од мали нозе била во друштво на политичари и филмски ѕвезди, течно зборувала француски, но никогаш не положила ниту еден испит во животот.


Иако имала „склоност кон учење“, Елизабета немала време за официјално школување, затоа што морала да учи за уставната монархија уште од рана возраст. Спротивно на тоа, нејзините деца и внуци уживале „понормално“ образование од неа.

73 години во брак со принцот Филип

Елизабет Александра Мери Виндзор имала осум години кога го запознала Филип на венчавката на нејзината роднина, принцезата Марин. Младата принцеза не очекувала дека ќе стане кралица, бидејќи нејзиниот брат Едвард бил прв во редот за престолот (Едвард абдицирал во 1936 година, за да може да се ожени со Американката Волис Симпсон).


Базил Бутхројд, кој е специјалист за кралската биографија, напишал дека повторната средба се случила во 1939 година. Средбата резултирала со размена на писма меѓу Филип и Елизабета. Таа тогаш имала 13, а тој 18 години. Тоа бил почетокот на нивната врска.


Поручникот Филип Маунтбатен и принцезата Елизабета официјално ја објавиле својата свршувачка во јули 1947 година и се венчале во Вестминстерската опатија на 20 ноември 1947 година. По венчавката, кралскиот пар, по правилата на вишата класа во тоа време, живеел во одвоени соби.


Елизабета и Филип во текот на 73-те години брак, ги добиле принцот Чарлс на 14 ноември 1948 година, принцезата Ана на 15 август 1950 година, принцот Ендрју на 19 февруари 1960 година и принцот Едвард на 10 март 1964 година.

Имале осум внуци и 12 правнуци.

Кралица на силните бои

Кралицата Елизабета ќе остане запаметена по впечатливиот моден стил од пред почетокот на нејзиното владеење, па сè до нејзината смрт.

Во текот на 40-тите Елизабет најчесто носела фустани што ја истакнувале половината, што во тоа време било модерно. Во едно интервју изјавила дека животот по војната бил тежок и дека штедела за да купи тул, шифон и свила за нејзината венчаница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GSA Coornhert (@gsacoornhert)


Таа станала кралица во 1953 година. За оваа церемонија Елизабета носела сатенски фустан со извезени цветни апликации, бисери, златни и сребрени нишки. На 20-годишна возраст Елизабета започнала да соработува со дизајнерот Норман Хартнел. Здолништата со корпи од половината, под влијание на француската мода, биле комбинирани со бело крзно и дијамантски дијадеми.

Кралицата станала препознатлива по живописните палта и здолништа, кои секогаш ги комбинирала со уникатна шапка и чанта, бисери и брош. Навидум едноставен, стилот на кралицата Елизабета станал препознатлив ширум светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 松岡加代子 (@hana_hana_dorami)


„Launer“ бил нејзиниот омилениот бренд на чанти, а била сопственичка на 200 чанти од истата марка. Таа ги користеше чантите и за да комуницира со персоналот. На пример, ако ја оставела чантата на земја, тоа значело дека треба веднаш да ја извадат од непријатна ситуација.


Иако кројот на фустаните што ги носела по крунисувањето на почетокот изгледале многу „конзервативно“, Елизабета се обидела да ги направи интересни избирајќи весели бои. Со текот на времето, тие станале нејзин заштитен знак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GlitteringMag (@glitteringmag)


Изборот на облека во силни бои бил со цел кралицата да биде препознаена на големите собири и на тој начин секој нејзин поданик да може да ја види без разлика колку е оддалечен од неа. Со тоа порачувала дека е секогаш тука за секого.

До крајот на животот кралицата остана верна на модните комбинации во впечатливи бои.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот