Жителите на Ново Маало – Имаме право на нормални услови за живот како сите граѓани на Скопје

Сите оние кои од конфорот на своите станови се противат на проектот кај Холидеј Ин треба да дојдат и да ги погледнат условите во кои се живее овде. Повеќе од 50 години живот во услови како од 19 век, а фотографиите кои ги испраќаме бараме медиумите да ги објават во целост за сите да ги видат, реагираат жителите на Ново Маало.

„Овде нема ниту зеленило, ниту инфраструктура, ниту основни услови за движење низ улиците. Се зборува за заштита на зеленилото, а факт е дека тука во моментов нема никакво зеленило освен руиниран асфалт и стари улици.

Според проектот ќе има многу пати повеќе зеленило од сега и навистина е нејасно зошто некој се противи на тоа. Даваме целосна поддршка на проектот со кој конечно се става крај на нашата голгота и хаосот кој владее среде центарот на Скопје.

Зошто ние како граѓани имаме помалку права од другите граѓани во Аердром, Карпош и останатите населби? Како тие може да градат на своите имоти, да надградуваат или реновираат, а ние сме дискриминирани и со години не може да си го решиме проблемот?

Овој проект го решава деценискиот проблем на преку 200 жители на Ново Маало и обезбедува многу зеленило и јавен простор. Силно ќе се спротиставиме на сите обиди да се запре овој проект кој за нас значи нормални услови за живот“, стои во нивната реакција.

Погледнете ги фотографиите:

Фото: Жителите на Ново Маало
Фото: Жителите на Ново Маало
Фото: Жителите на Ново Маало
Фото: Жителите на Ново Маало
Фото: Жителите на Ново Маало

 

Фото: Жителите на Ново Маало
Фото: Жителите на Ново Маало

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот