Жерновски: Црни сценарија за да нема бели денови

Како што напишав во последниот текст со наслов „Крешендо”, проектот со кој треба на нашата земја да и’ се блокира добивањето на датум за преговори со ЕУ, па затоа и носи наслов „Октомври”, е во фаза на интензивна реализација, пишува Андреј Жерновски во својот пост.

Притоа тој додава:

„Вчера грчкиот портал „Макел” го пренесува скандалозното тврдење на српски „Блиц” дека „постои црн фонд за поткупување на политичари од Брисел (внимавајте на адресата), но и од Грција, за да на секаков можен начин се ублажи стопирањето на патот на Северна Македонија кон ЕУ и НАТО”.

Грчкиот портал оди дотаму што објаснува дека, според извори на руските тајни служби, македонскиот премиер Зоран Заев успеал со фонд од 2 милиони евра да поткупи (ни помалку, ни повеќе) 12 грчки политичари за да „немаат ништо против влезот на Македонија во ЕУ”, со шпекулација дека парите завршиле кај Ципрас, Коsијас, Папас, Кондура итн .

Не ви звучат исто и оркестрирано небулозните теми за атак?

Уште еднаш ќе потенцирам дека во тек е исполнување на едно крајно сериозно и опасно сценарио на надворешни и внатрешни сили, кои работат против влезот на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ. Ги замолувам нашите граѓани да нè наседнуваат на оваа хајка. Близу сме до целта, преблизу, во остварувањето на вековниот сон за самостојна, независна и (конечно) насекаде меѓународно призната држава. Држава со обезбедена стабилност и обезбеден просперитет. Во тоа име и за таа цел, мораме да останеме присебни, да покажеме мудрост и да демонстрираме заедништво“ напиша Жерновски.

Ќе успееме!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот