Жена сакала да го отруе Трамп!

epa08679714 US President Donald J. Trump responds to a question from the news media as he walks to board Marine One on the South Lawn of the White House in Washington, DC, USA, 18 September 2020. President Trump is traveling to Minnesota to deliver remarks at a Great American Comeback event. EPA-EFE/SHAWN THEW / POOL

Полицијата ја идентификувала жената осомничена дека му испратила писмо на американскиот претседател што било затруено со отровен рицин .

Полицијата соопшти дека ја идентификувала жената осомничена за испраќање на писмото, но не открила детали, пренесува Спутник.

Писмото се чувало во посебниот владин центар за надворешни пратки, спречувајќи го да стигне до Белата куќа. „Федералното биро за истраги и нашите соработници од американската разузнавачка служба и Службата за поштенска контрола го анализираат сомнителното писмо, кое пристигна во центарот за пратки на американската влада“, се вели во соопштението на ФБИ, како што објави Њујорк тајмс. Во овој момент нема индиции дека јавната безбедност е загрозена.

Слични писма биле испратени до органите на прогонот во Тексас, вклучувајќи затвор и канцеларија на шерифот. Заедничка работна група за борба против тероризмот работи на случајот во Вашингтон со помош на њујоршката полиција и Кралската канадска коњаница (РЦМП).

Истражителите рекле дека не е воспоставена никаква врска помеѓу писмото со отров и меѓународните терористички организации, без откривање докази. Официјални лица, сепак, велат дека истрагата е во рана фаза и засега не исклучуваат каква било можноста.

Ова не е прв напад од ваков вид.

Актерката Шенон Ричардсон беше осудена на 18 години затвор

Поранешниот американски претседател Барак Обама исто така беше цел на напад со рицин. Во 2013 година, актерката Шенон Ричардсон беше осудена на 18 години затвор за испраќање на заруени писма до Обама и Мајкл Блумберг, тогашниот градоначалник на Њујорк.

Ветеран на морнарицата на САД е обвинет дека се обидел да испрати пликови со рицин на неколку американски официјални лица во 2018 година. Вилијам Клајд Ален сè уште чека судење, бидејќи е откриено дека тој испратил мешунки од растенија, а не семе во прав.

Пакет со смртоносен отров адресиран до Трамп

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот