Пакет со смртоносен отров адресиран до Трамп

epa08677510 US President Donald J. Trump walks away after speaking with reporters prior to departing the White House aboard Marine One in Washington, DC, USA, 17 September 2020. The President is scheduled to travel to Mosinee, Wisconsin for a campaign event. EPA-EFE/Alex Edelman / POOL

Рицин е високо токсично соединение извлечено од семето од рицинус кое се користи во терористички заговори. Може да се користи во форма на прав, прачки, чад или киселина.

Пакет со отровно рицинусово масло бил испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува Си-Ен-Ен.

Случајот го пријавиле двајца полицајци.

Биле извршени два теста за да се потврди присуството на материјата рицин. ФБИ и тајната служба го испитуваат случајот.

Целата пошта за Белата куќа е подредена и скенирана надвор од објектот пред да пристигне во Белата куќа.

Рицин е високо токсично соединение извлечено од семето од рицинус кое се користи во терористички заговори. Може да се користи во форма на прав, прачки, чад или киселина.

Ако се проголта, предизвикува гадење, повраќање и внатрешно крварење на желудникот и цревата, проследено со откажување на црниот дроб, слезината и бубрезите и смрт поради нарушувања на циркулаторниот систем.

Смртоносен рицин и претходно е користен за мета на американски политичари испратен преку пошта.

Во 2014 година, актерката Шенон Ричардсон, која се појави во The Walking Dead, беше осудена за испраќање пликови со отровот рицин, адресирани до тогашниот претседател Барак Обама и градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг.

Таа беше осудена на 18 години затвор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот