Желбите нѐ движат – нова можност за полесно остварени цели

Unsplash
Unsplash

Колку желби ви останаа неостварени во изминатата година, година ипол?

Неминовно е да ја споменеме пандемијата, како клучен фактор во стивнувањето на одредени наши потреби, можности за патување, ограничена слобода на движење и посета на омилените места. Но, без оглед на сите околности, нашиот живот секогаш има некаков тек. А нашите потреби се присутни и особено е важно да ги оствариме.

За да си ги исполниме желбите, од Халкбанк АД Скопје ни нудат навистина одлична можност – а тоа е потрошувачки кредит со животно осигурување и полиса од незгода. Овој кредит не е само шанса за која сте немале можност да ја остварите, туку е одлична понуда за остварување на вашите долгорочни цели. Доколку летово имате неостварена желба, нека ви биде поттик за да направите нешто што ќе ја оствари!

Условите за кредит се многу поволни, 5% фиксна каматна стапка за првата година, 5,5% фиксна каматна стапка за втората година, со максимален рок до 120 месеци и максимален износ на кредит до 1.500.000 мкд, што е навистина добра опција. Воопшто нема наплата за обработка на кредитот – провизијата е 0 %! Не се наплаќа никаков надомест ниту за предвремена ликвидација на кредитот.

Воедно, грижата на Халкбанк АД Скопје за своите корисници не е само во насока на подигнување на кредит и осигурување на истиот. Постои и услугата неживотно осигурување која се однесува на вашите лични преференци, а полисите може да ги купите во било која филијала на Халкбанк АД Скопје. Полисите се различни – од осигурување на имот, до зелен картон и патничко осигурување, автомобилска одговорност, каско осигурување и слично и истите можете да ги разгледате на овој линк.

Со цел да ви помогнеме во реализирање на вашите безбедни планови за патување, летни авантури, па и целосно преуредување во домот, овој тип кредити се навистина големо олеснување.

Со самиот факт дека сево ова можете да го исполните уште денес во било која филијала на Халкбанк АД Скопје, не двоумете се да направите вистински избор – желбите се двигател со кој стигнуваме до подобар, остварен живот.

Видео на денот