Жална вест од Виетнам: Почина момчето кое пропадна во шахта длабока 35 метри

Фото: EPA/EFE

Денеска е потврдена смртта на 10-годишното момче, кое за време на новогодишната ноќ пропаднало во тесна шахта на градилиште во Виетнам, по што започна грозничава борба за спас на детето.

Локалните власти велат дека спасувачите поминале речиси 100 часа обидувајќи се да го ослободат Ли Хао Нам од потпорен столб долг 35 метри, забиен во земјата, но за жал, без успех.

„Властите утврдија дека жртвата починала и се обидуваат да го извлечат неговото тело за да може да се одржи погреб“, изјавил Доан Тан Буу, заменик-шеф на јужната провинција Донг Тап.

Нам барал старо железо кога паднал во шупливиот бетонски столб, со дијаметар од 25 сантиметри, а спасувачките тимови оттогаш работат на негово ослободување. Тие пумпале кислород во столбот за поддршка длабок 35 метри за да може момчето да дише.

Спасувачката операција е започната откако момчето било пријавено дека барало помош на градилиштето за мост во провинцијата Делта Меконг. Претходно денеска, виетнамскиот премиер Фам Мин Чин ги повика спасувачите и локалните власти да ја мобилизираат сет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот