Зголемени цените на индустриските производи на домашниот пазар

Во декември лани продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,5 проценти на месечно и за 1,8 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во декември 2020, во споредба со ноември 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Енергија за 1 процент, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 проценти.

Според ДЗС, во декември 2020, во споредба со декември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 8 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 4,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 проценти и Капитални производи за 0,3 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот