Земон: На Охрид му треба развојна стратегија за следните 30 години, по примерот на Дубровник и Котор

Рубин Земон / Фото: „Слободен печат"/ Драган Митрески

За развојот на Охрид потребен е сеопфатен и интердисциплинарен пристап во создавањето на соодветна развојна стратегија за следните 30 години, изјави директорот на Центарот за напредни истражувања, Рубин Земон во студиото на Слободен печат.

– Ако сега ги прашаме локалните и централните власти која е развојната стратегија за Охрид за следните 30 години, никој нема да каже ништо. Никој не седнал да зборува за тоа, ниту МАНУ, ниту која било институција. Ниту, пак, во Охрид имаме некој научен институт што би се занимавал со стратегија, рече Земон.

Тој предлага да се искористат слични искуства од земјите во опкружувањето со што Охрид ќе се развива, но истовремено ќе ја зачува автентичноста и природните богатства.

– За тоа не треба многу, треба да се отвори таков институт во Охрид, да се донесат двајца или тројца нобеловци кои имаат искуство на тој план, а како добри примери ќе ги издвојам Дубровник, Котор и доволно е тие нобеловци да престојуваат неколку месеци во Охрид и да дадат соодветно решение, но ние тоа не го правиме. Ние немаме стратегија за тоа каде треба да се движи Охрид во следните 30 или 10 години, заклучи Земон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот