Земјотрес од 4,2 степени во Хрватска

Фото: МИА

Земјотрес со јачина од 4,2 степени по Рихтеровата скала утринава го погоди поширокото подрачје на хрватските градови Книн, Грачац и целиот дел од Задар до Шибеник, соопшти Сеизмолошката служба на Република Хрватска.

Епицентарот на потресот кој се случи во 5 часот и 10 минути бил на 23 километри северозападно од Книн, а интензитетот од V-VI (пет до шест) степени на МЦС-скалата.

Засега нема податоци за материјална штета, додава сеизмолошката служба.

Читателка од Задар за хрватски „Индекс“ напиша: „Земјотресот ме разбуди. Се нишаше зградата и се тресеа плакарите. Како ураган да ми пројде низ домот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот